Пари сен Жермен на најдобар можен начин докажува зошто е актуелен шампион на Европа, земајќи ги скалповите на најдобрите тимови од „Стариот континент“.
Манчестер Сити и Барселона се гигантите кои целосно доминираат во двете најсилни лиги на светот, имаа перфектен скор од август, па се до…. дуелот со „пулените“ на Луис Енрике. А ПСЖ во голем стил ги запре нивните налеети, давајќи им по четири гола и на „граѓаните“ и на каталонците.
Поимпресивен беше минатонеделниот дуел во Манчестер, каде ПСЖ доминираше на гостински терен и со 2-4 го освои „Етихад“, за прв пораз на Енцо Мареска.
Барса допатува во Париз со серија од 11 победи во сите натпреварувања, но и Ханси Флик ја доживеа судбината на Мареска. Генијалноста на Енрике се потврди и со одлуката да стартува со Лукас Хернандез на лев бек во ситуација кога Мендеш беше повреден, прв старт на Французинот во ЛШ уште по јануари 2025 што се покажа како полн погодок.
Триумфот е уште поголем ако се знае дека Дембеле и Кварацхелија поради повреди не го довршија натпреварот, но европските прваци сепак најдоа начин да го земат скалпот на каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
