Барселона го претрпе првиот пораз во новата сезона откако синоќа загуби со 4-2 на мега-дуелот со ПСЖ, дерби пресметка со бројни шанси на двете страни од која поуспешен излезе францускиот гигант.
Капитенот на Барса, Рафиња, јасно стави до знаење дека овој пораз не би требало да остави никаква трага врз неговиот тим, со оглед на добрата игра што каталонците ја прикажаа на „Паркот на принцовите“. Следен предизвик за Барселона е големото дерби со Реал Мадрид во рамките на Ла Лига, па јасно е дека каталонците немаат многу време за рехабилитација.
„Знаевме дека ќе се случи некогаш да загубиме натпревар, му гостувавме на двократниот европски првак и знаевме колку е тешко кога играат пред нивните верни навивачи. Сакавме да победиме, или да освоиме најмалку бод, но не треба премногу да жалиме. Да гледаме позитивно, одигравме одличен меч, имавме посед против актуелниот европски првак и создадовме многу шанси. Не е крај на светот кога ќе загубите еден натпревар, ќе видиме што ќе ни каже тренерот, што ќе требаме да поправиме за наредниот натпревар“, истакна Рафиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
