Мега-пресметката меѓу ПСЖ и Барселона донесе огромни главоболки за домашниот тренер Луис Енрике, откако три клучни фудбалери на францускиот гигант мораа предвреме да го завршат натпреварот поради повреди.
Усман Дембеле настрада по само дваесетина минути игра, без контакт жалејќи се на проблем со мускулот и самиот барајќи замена.
Проблемите уште повеќе се зголемија во второто полувреме, кога во рок од триесетина секунди најпрвин мускулот го повреди капитенот Маркињос, а во продолжението на истата акција се повреди и Кварацхелија.
Лекарите на ПСЖ имаа полни раце работа, но не ги оспособија големите асови кои заедно го напуштија теренот. Притоа, далеку посериозно делуваше проблемот со Кварацхелија, кој со помош на соиграчите мораше да се упати надвор кон соблекувалните.
Нема дилема дека следните 48 часа ќе бидат полни со неизвесност за Енрике и неговите соработници, бидејќи не е мала работа на ист меч да останете без тројца исклучително важни фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
