Потоп во Комо – дали ќе се игра мечот со Манчестер јунајтед

Сериозна е опасноста мечот меѓу Koмо и Манчестер јунајтед закажан за вечерва воопшто да не стартува, поради поројниот дожд што почна да врне во реонот на Комо уште утрово.

Првичната инспекција покажа дека на теренот може да се игра, но сериозен е ризикот тоа да не биде случај и попладнево, за кога е закана нова инспекција од официјалните лица на УЕФА.

Од раководството на Комо уверуваат дека дуелот ќе се игра во првичниот термин (21 часот), но проблем е што временската прогноза најавува нови обилни врнежи што би почнале во 20 часот вечерва.

Останува да ја почекаме раврската, но се чини јасно е дека дури и доколку дуелот се одигра, условите за игра за фудбалерите ќе бидат исклучително тешки.

Се вчитува...