Серијата од 11 победи на Барселона во сите натпреварувања што траеше од стартот на сезонава беше прекината синоќа, откако каталонскиот гигант загуби со 4-2 на гостувањето против ПСЖ.
Ханси Флик имаше можност да увиди слабости во играта на својот тим што ќе треба да ги корегира за претстојното „Ел Класико“, а тренерот на Барселона беше брутално искрен во анализата за поразот на „Паркот на принцовите“.
„Мислам дека ова беше одличен натпревар и од двата тима. На крајот, сепак мораме да бидеме реални и да признаеме дека ПСЖ покажа дека се уште е подобар тим од нас. Поразени сме и мораме да научиме што повеќе од овој неуспех. Не е изговор, но воопшто не се подготивме добро за овој натпревар, немавме адекватни услови. Бевме принудени да останеме подолго во Севиља, доцна се вративме дома, па потоа доцнеше и летото за Париз. Се си остава трага, но то е тука е… Реалноста е дека направивме многу глупави грешки, а на вакви натпревари тие грешки скапо се плаќаат. Се надевам дека ќе разбереме и еднаш конечно ќе ги поправиме. На пример, нивниот трет гол е типичен пример за лош блок од наша страна. Ги пуштавме да шутираат од опасните зони и плативме за тоа. Последните 10-15 минути целосно паднавме на физички план и тоа дефинитивно се одрази. ПСЖ покажа дека е подобар тим од нас во моментов, но титулата во ЛШ не се освојува во октомври“, истакна Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
