ПСЖ ја слави големата победа над Барселона, но „светците“ од Париз паралелно со тоа се и загрижени по повредите на тројцата клучни првотимци.
И додека Маркињос и Дембееле имаат повреди на мускулот и не би требало да паузираат предолго, далеку покомпликувана е ситуацијата со Квича Кварацхелија. Грузискиот офанзивец настрада по еден дуел и остана да лежи во агонија, по што веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен.
Алармот се запали откако Кварацхелија не можеше сам да го напушти теренот, по што се појавија информации дека станува збор за проблем со лигаментите во коленото, за што би можела да следи пауза од дури девет месеци.
„Ногата му беше цврсто на земја, но при дуелот беше јасно видливa дисторзијата во пределот на коленото. Ваквите несреќни случаи се класика при повредите на лигаментите не коленото. Ако се утврди полошата варијанта, кинење на вкрстените лигаменти, тоа би значела и пауза до девет месеци“, објави Анхел Вилануева, познат шпански физиотерапевт специјализиран токму за ваков вид на поврди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
