Кимих поради семејна трагедија не игра против Арсенал

Баерн Минхен ќе биде без својот капитен Џошуа Кимих на вечерашната дерби-пресметка со Арсенал по семејната трагедија што му се случи на големиот ас.

Како што информира „Билд“, таткото на Џошуа, Бертхолд Кимих, починал на 57-годишна возраст. Германскиот репрезентативец вчера не тренираше со тимот, но беше најавено дека ќе игра против Арсенал. За жал, состојбата во текот на ноќта се искомпликувала, неговиот татко ја загубил најтешката битка, па Кимих вечерва нема да биде присутен на „Алијанц Арена“.

За потсетување, Баерн ќе биде и без помошта на Михаел Олис, францускиот ас кој игра во животна форма, но овој дуел ќе го следи од трибините поради црвениот картон заработен минатото коло против Викинг.

Се вчитува...