Шампионот Њујорк никс со пораз ја стартуваше одбраната на титулата во НБА-лигата откако во својот „Медисон сквер гарден“ загуби од Филаделфија со резултат 100-106.
За гостите своето официјално деби го имаше Леброн Џејмс, но во главна улога беше Макси, кој ја предводеше Филаделфија до голема победа. Пресудна се покажа третата четвртина што гостинскиот состав ја доби со 18-29, одлепувајќи се резултатски и потоа чувајќи ја предноста до самиот крај.
Макси беше прв стрелец со 28 поени, Леброн заврши со 14 поени, 9 скокови и 7 асистенции, додека најефикасен кај Њујорк беше Брансон со 21 поен.
Гостите славеа и на вториот дуел што се играше рано утрово, Оклахома Сити го совлада Сан Антонио со 104-116. Клучно беше првото полувреме што мина целосно во знакот на гостите кои водеа со убедливи 44-65. Сан Антонио заигра нешто подобро во продолжението, но тоа беше недоволно за целосен камбек против еден од најдобрите тимови во лигата.
Гилџус Александер очекувано беше лидер со 32 поени, кај Сан Антонио прв стрелец беше Касл со 24 поени, а под соите можности одигра Вембињама кој стигна до скромен дабл-дабл од 12 поени и 13 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
