Одложувањето на слемот „Шест крала“ би можело да му оди во прилог на Јаник Синер, бидејќи италијанскиот тенисер повторно се појави во промотивните материјали за натпреварувањето во Ријад, и покрај тоа што претходно се откажа поради повреда на коленото.
Двократниот шампион на овој турнир требаше да настапи на изданието во 2026 година, кое првично беше закажано за 21-24 октомври во АНБ Хол во Ријад. Сепак, поради проблеми со коленото, Синер одлучи да ја заврши сезоната предвреме, а Американецот Лернер Тиен го зазеде неговото место во поставата.
Покрај Тиен, Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ, Александар Зверев, Алекс де Минор и Тејлор Фриц требаше да го потврдат своето учество.
Сепак, организаторите беа принудени да го одложат турнирот минатата недела поради немирите на Блискиот Исток и безбедносната ситуација во регионот. Според првичниот извештај, по нападот на меѓународниот аеродром во Ријад, имало предупредувања за можни нови напади.
„Оваа одлука ја одразува посветеноста на „Ријад Сезон“ за организирање спортски настани со највисоки стандарди, по проценката на организациските и логистичките предизвици поврзани со одржувањето на турнирот и нивното можно влијание врз квалитетот на искуството на публиката“, се вели во соопштението на организаторите.
Новиот датум на турнирот е од 27 до 30 декември, а местото на одржување останува исто. Ажурираните промотивни материјали штотуку привлекоа внимание, бидејќи Синер повторно е на нив, додека Тијен не е меѓу претставените учесници.
🚨🎾 El torneo de exhibición ‘Six Kings Slam’ queda aplazado por los bombardeos en Riad
📅🇸🇦 El torneo se pospone y, en principio, se disputará del 27 al 30 de diciembre
📻 #PartidazoCOPE https://t.co/3FCHrCVKoR
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) October 14, 2026
Секако, постои можност да станува збор за пропуст од страна на организаторите, но отсуството на Американецот од новите постери, и покрај фактот дека претходно беше најавен како замена за Синер, дополнително ги поттикна шпекулациите за враќањето на Италијанецот на теренот.
Доколку Синер се појави во Ријад, тоа би бил негов прв настап од 12 јули, кога го победи Александар Зверев во финалето на Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
