Партизан пред вечното дерби се засили со НБА-кошаркар

Екипата на Партизан пред утрешната пресметка со Црвена звезда во рамки на Евролигата, донесе засилување од НБА-лигата.

Нов член на „црно-белите“ е Антонио Ривс кој доаѓа од екипата Ајова булвс која е дел од развојната НБА-лига.

Ривс во НЦАА лигата играше за Универзитетите Илиноис стејт и Кентаки, а во 2024 година на драфтот беше избран од екипата на Орландо меџик. Ривс играше и за екипите на Њу Орлеанс пеликанс и Шарлот хорнетс.

„Нов кошаркар на Партизан е Антонио Ривс“,  објави Партизан на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK Partizan Mozzart Bet (@partizanbc)

 

Се вчитува...