Шешко нема да игра против Македонија и во Скопје

Словенечкиот репрезентативец, Бенјамин Шешко, нема да игра против Македонија и во вториот натпревар во Лигата на нации.
Во последните два меча во Лигата на нации, Словенија прво на 13-ти ноември ќе игра против Шкотска, а три дена подоцна ќе гостува во Скопје на дуел со Македонија.

Новинарот на таблоидот „Сан“, Самуел Лакхерст, објави дека словенечкиот фудбалер го очекува неколкумесечна пауза поради повредата на потколеницата.

Според новинарот, во Манчестер Јунајтед, чиј член е Шешко, очекуваат дека рехабилитацијата по повредата дека ќе трае четири месеци и дека напаѓачот најверојатно, на терените ќе се врати во февруари идната година.

 

 

 

Се вчитува...