Јувентус ќе го менува Спалети со човекот кој освојуваше трофеи со Интер

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, се наоѓа на тенок мраз поради слабиот старт на сезоната и голема е веројатноста по следниот пораз тој да добие отказ.

Иако италијанските медиуми пишуваат дека челниците на Јувентус ќе мораат да платат милионска отштета за предвремен отказ бидејќи договорот на Спалети истекува во 2028 година, веќе е започната потрагата по неговиот наследник, се разговара со можните тренери, а едно име уште сега се издвојува како фаворит.

Според весникот „Газета дело Спорт“, челниците на Јувентус веќе оствариле контакт со Симоне Инзаги.

Инзаги моментно седи на клупата на саудискиот Ал-Хилал, а во Серија А водеше два тима, Лацио и Интер.

Со Лацио не успеа да освои трофеј, но екипата играше офанзивен фудбал, додека со Инетр, Инзаги освои шест трофеи, една титула во Серија А, два Купа на Италија и три Суперкупа.

Се вчитува...