Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип загуби во првиот натпревар од воведното коло од квалификациите во Лигата на шампионите на гостувањето кај холандски Орион Старс со максимални 3-0, по сетови 25-13, 25-19 и 25-17.
Македонскиот шампион кој имаше историски прв настап во елитното натпреварување, не успеа да му се спротистави на големиот фаворит кој без поголеми проблеми ги освои сите три сета.
Стојан Илиев со девет поени беше предводник на нашиот тим, додека кај победникот најефикасен беше Лијам Меккласки со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
