Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа состанок со ракометните судии од Скопје, на иницијатива на генералниот секретар Влатко Тасевски.
Главниот фокус на средбата беше реактивирање и воспоставување на функционален Скопски судиски збор. Присутните дискутираа за унапредување на меѓусебната комуникација и координација, со цел да се обезбеди подобра логистика и поефикасно делегирање на натпреварите.
Покрај организациските промени, на состанокот беше потенцирана и важноста за континуиран професионален развој на судискиот кадар. Преку ваквите иницијативи, РФМ има за цел да го подигне квалитетот на судењето и да даде силна поддршка на младите судии во нивниот напредок на домашната и меѓународната сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
