Ракометниот шампион на Македонија, Вардар има позитива од 13-16 на полувреме против францускиот Нант во натпревар од 5. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Избраниците на Иван Чупиќ конечно добро отворија еден натпревар сезонава во Лигата на шампионите, па на половина од првото полувреме имаа предност од четири голови 7-11 најмногу благодарение на седумте одбрани на одличниот на голот Валах.
Вардарци влегоа во криза во нападот во следниот период, па во 24. минута домаќинот доојде на само минус еден (11-12). До крајот на првиот дел „црвено-црните“ беа подобар противник па на пауза заминаа со позитива од 13-16.
Урош Митровиќ со четири гола е прво име во нашиот табор, додека кај Французите Лука Периќ има три на полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
