Фудбалерите на Баерн Минхен одиграа реми 2-2 против актуелниот европски вицешампион Арсенал во дерби натпреварот од вечерашната програма од 3. коло во Лигата на шампиони.
Гостите стигнаа до водство од 0-1 со голот на Еберечи Езе во 25. минута, додека на 1-1 израмни Алфонсо Дејвис во 35. минута. Водство за Баварците во вториот дел донесе Хари Кејн од пенал во 61. минута (2-1), додека конечните 2-2 ги постави Деклан Рајс во 82. минута.
Bayern Munich [2] – 1 Arsenal – Harry Kane penalty 61'
byu/Lazy_Banana_1636 insoccer
Најтрофејниот клуб во ова натпреварување Реал Мадрид славеше на домашен терен против Лајпциг со 4-1. Додека Интер и со фудбалер помалку по исклучувањето на Бастони беше подобар од Шахтјор со 1-0.
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО ЛШ:
БАЕРН МИНХЕН – АРСЕНАЛ 2-2
РЕАЛ МАДРИД – ЛАЈПЦИГ 4-1
АСТОН ВИЛА – ВИКИНГ 3-1
БЕТИС – ФЕЕНОРД 1-0
КЛУБ БРИЖ – ЛЕНС 3-0
ИНТЕР – ШАХТЈОР 1-0
СПОРТИНГ Л. – ЛАСК ЛИНЦ 2-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
