Арсенал успеа да остане непоразен на гостувањето против Баерн Минхен (2-2), но Микел Артета се соочи со нов сериозен проблем откако Букајо Сака беше принуден предвреме да го заврши натпреварот.
Крилниот офанзивец се пожали на силна болка и самиот побара да биде заменет, а Артета по мечот не криеше дека е загрижен за големиот ас.
„Никогаш не е добра вест кога фудбалер ќе се пожали на силна болка и нема да може да продолжи. Да бидам искрен, лекарскиот тим е загрижен, но и јас сум загрижен бидејќи сите знаете колку е важен Букајо за нашиот тим. Сепак, да ги почекаме резултатите од деталните прегледи“, истакна Артета.
Aрсенал во наредното коло од Премиер-лигата го пречекува Евертон, по што на 1 ноември гостува на „Енфилд“, на дерби дуел со Ливерпул, натпревари што Сака речиси сигурно ќе ги пропушти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
