Бруно го крена гласот за тактиката на Карик: Мене ме бркаат по цел терен, а ние седиме и чекаме

Врие во таборот на Манчестер јунајтед по последниот пораз што „црвените ѓаволи“ го претрпеа во Комо, и тоа о убедливи 4-1 од екипата што сезонава дебитира во Лигата на Шампионите.

Позицијата на Мајкл Карик веќе извесен период е сериозно разнишана, а тренерската сме е уште поблиску откако и капитенот Бруно Фернандеш го крена гласот против тактичките замили на тренерот.

„Повторно ни се случува да примаме гол рано, па како да влегуваме во секој меч со губитнички чувство. Одлука на стручниот штаб е да нее притискаме човек на човек во одбраната. Некогаш, кога ќе им ја оставите топката за игра на овие тимови, тие добиваат на самодоверба и стануваат се поопасни и поопасни“, истакна Бруно.

Следеше прашањето – дали промашената тактика е причина за поразот.

„Тоа е прашање за тренерот, тој ја одредува тактиката. Јас можам да го кажам она што го чувствувам додека сум на теренот. Не може мене нивниот централен дефанзивец да ме брка до половина терен, па и на нашата половина, а ние да ги оставаме тие да имаат слобода со топката. Мое лично мислење е дека некогаш треба да се биде храбар, да се одигра висок пресинг и да се изврши притисок врз противникот, како што тие ни направија на нас на овој натпревар“, разочаран беше португалскиот ас во дресот на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...