Ракометарите на Вардар, стигнаа до првата победа сезонава во Лигата на шампионите и тоа на извонреден начин, славејќи на гостувањето против Нант со убедливи 27-33 во 5. коло.
Иако овој меч нема никакво резултатско значење за нашиот шампион, вардарци одиграа за својата чест уште еднаш покажувајќи го духот на клубот кој е двократен европски шампиони.
Составот на Иван Чупиќ потврди дека му беше неопходна само малку повеќе среќа на претходните дуели во Лигата на шампионите за да дојде до повеќе бодови и пласман во следната рунда натпревари.
Но, овој меч во Нант потврдува дека „црвено-црните“ и тоа како имаат моќен европски капацитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
