ЛЕГЕНДАРНИОТ ИГОР МИЛАНОВИЌ ВО „ПРЕСИНГ“: „Сашо Поповски беше врвен ватерполист… Секогаш со радост доаѓам во Македонија, прекрасни луѓе“ (ВИДЕО)

Најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ е посветена на „Мундијалот на пријателството“ кој петта година по ред се одржа во Улцињ, Црна Гора, а на кој се собираат голем број легенди на поранешниот југословенски спорт, врвни спортисти освојувачи на бројни одликувањата од големите натпреварувања.

Па, гости и во „ПРЕСИНГ“ беа дел од најголемите имиња на екс-југословенскиот спорт, меѓу кои и легендарниот ватерполист Игор Милановиќ, убедливо најдобриот светски ватерполист на сите времиња, олимписки, светски и европски шампион со Југославија.

Меѓу темите на разговор, Милановиќ се осврна и на своите конекции со Македонија, потенцирајќи дека често доаѓа во нашата земја меѓу другото и на средби со својот добар пријател, најдобриот македонски ватерполист на сите времиња Сашо Поповски.

„Често доаѓам во Македонија, прво јас имам и пријател Сашо Поповски, кој беше еден врвен играч. Тој можеше да игра за секоја екипа во Европа. Беше исклучително квалитетен играч, кој и играше, и за некои италијански екипи и за Партизан, итн. А исто така кога сум во Скопје, сакам да навратам до Тиквеш… Преубави вина, прекрасна храна и прекрасни луѓе. Во Македонија, навистина прекрасни луѓе“ – вели Игор Милановиќ.


=========================================

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МИРСАД ЈОНУЗ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...