На стадионот „Сантијаго Бернабеу“, за време на натпреварот против РБ Лајпциг, настана вистинска збунетост кога Марк Кукуреља го замени Карерас во 70. минута. Секојпат кога бекот ќе ја допреше топката, од трибините се слушаа гласни свирежи. Она што на почетокот изгледаше сосема бесмислено и тешко објасниво, всушност имаше многу интересна заднина.
Било планирано во горниот дел од северната трибина да се сместат околу 2.000 германски навивачи. Сепак, реалната ситуација на теренот беше сосема поинаква.
Благодарение на препродавачите на билети и алтернативните канали за продажба, стотици германски навивачи успеаја да набават билети за други сектори на стадионот и непречено да се измешаат со домашната публика. Бидејќи беа распоредени низ целите трибини, се добиваше необичен впечаток дека свирежите не доаѓаат само од секторот за гостински навивачи, туку одекнуваат од сите страни на култниот мадридски стадион.
Германците, очигледно, ниту заборавија, ниту простија за она што се случи во четвртфиналето на Европското првенство во 2024 година. Во драматичното продолжение од натпреварот меѓу Шпанија и Германија, ударот на Џамал Мусиала го погоди Кукуреља во раката.
Сепак, ниту судијата, ниту ВАР-системот не досудија пенал, па на крајот Шпанија го елиминираше домаќинот на првенството и се пласираше во полуфиналето. За работите да бидат уште полоши за германските навивачи, неколку месеци подоцна УЕФА официјално призна дека во таа ситуација требало да се досуди пенал.
Токму затоа, германските навивачи одлучија да му приредат на Кукуреља крајно непријателски пречек, среде Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
