Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа привлече огромно внимание од шпанската јавност по синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Лајпциг, зборувајќи за Ел Класико и судирот со Барселона што го очекува кралскиот клуб овој викенд.
Реал Мадрид оствари нова победа во Лигата на шампионите, триумфирајќи над Лајпциг со 4-1, како загревање за првото Ел Класико во сезоната, кое ќе го играат Барселона и Реал Мадрид во недела од 21 часот.
Во Реал одамна почнаа да вршат притисок врз судиите, со изјавите дека се сомневаат дека судиите ќе ја фаворизираат Барселона во недела. На тоа синоќа се осврна и самиот Куртоа.
Белгискиот голман по победата над Лајпциг изјави дека се надева дека грешките на судијата нема да го одлучат Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид.
„Се надевам дека судиските грешки во претстојното Ел Класико нема повторно да одат во корист на едната иста страна, како што беше случајот досега. Тие ни се потсмеваат, нè тераат да слушаме разговор во живо меѓу судискиот тим, а потоа главниот судија носи сосема спротивна одлука. Мислам дека ВАР премногу се меша во сè, се мешаат во работи во кои немаат право да интервенираат“, рече Куртоа, и дополни:
„Ел Класико е секогаш 50-50, дури и ако еден тим влезе во натпреварот во подобра форма. Ние сме два сосема различни тима кои играат различни стила фудбал. Барселона стана многу напаѓачка. Одиме на Камп Ноу во недела со намера да победиме. Самоуверени сме, полни со самодоверба и сакаме да оставиме силен впечаток. Ќе мора добро да се браниме и да ја искористиме секоја можност. Барселона можеби е малку подобра од нас во моментов, но тоа ништо не значи.“
🚨🎙️COURTOIS responde a mi pregunta para @realfrance_fr sobre el ARBITRAJE del CLÁSICO del domingo.
“Espero que los errores que tengan no sean solo para un lado”.
“Nos comemos charlas de los árbitros para que luego piten lo contrario”.
“El VAR entra para cosas que no debería”. https://t.co/Mu29khCqTB
— Damián (@damiancasol) October 21, 2026
Барселона е лидер на табелата во Ла Лига со максимални 27 бода по девет кола, додека Реал е трет со шест бода помалку од лутиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
