Јулијан Нагелсман е главниот кандидат за нов менаџер на Манчестер Јунајтед, откако клубот веќе ја испита неговата подготвеност да го преземе тимот од „Олд Трафорд“, пренесува познатиот новинар Бен Џејкобс.
Германскиот стратег доаѓа во преден план во моменти кога актуелниот шеф на стручниот штаб, Мајкл Керик, се наоѓа пред отказ по катастрофалниот пораз од Комо (4-1) во Лигата на шампионите. Овој дебакл ја продолжи серијата на „црвените ѓаволи“ на дури седум натпревари без победа во сите натпреварувања.
Дека соблекувалната е веќе изгубена потврди и капитенот Бруно Фернандеш, кој по мечот со Комо јавно ја критикуваше тактиката на својот менаџер. Шпекулациите за разделба дополнително се подгреаја утрово, откако британските медиуми објавија дека Керик не се појавил во тренинг-центарот „Карингтон“ во неговото вообичаено време во 7.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
