Артета: Не загрижува ситуацијата со Сака

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги пофали играчите и на својот тим и на Баерн Минхен по ремито синоќа во Лигата на шампионите од 2-2.

Главното прашање по мечот е каква е состојбата на Букајо Сака, со оглед на тоа што тој мораше да го напушти теренот во текот на натпреварот.

„Загрижени сме. Кога некој играч ќе го напушти натпреварот поради остра болка, тоа никогаш не е добра вест. Но, мораме да почекаме“, изјави Артета.

Се вчитува...