МЗТ Скопје заработи парична казна поради навредливо скандирање на навивачите

Кошаркарската федерација на Македонијаго објави новиот официјален билтен по комплетирањето на третото коло од домашната Супер-лига.

Иако во него нема поголеми забелешки за инциденти, во фокусот на дисциплинските мерки се најде актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје Аеродром. „Штрковите“ ќе мора да платат парична казна во износ од 10.000 денари поради недолично однесување на нивните навивачи, односно за навредливо скандирање насочено кон гостинскиот терен. За потсетување, МЗТ Скопје во ова коло во неизвесен натпревар славеше над ТФТ со 70-66.

Освен казната за шампионот, во новиот билтен е наведена и официјална опомена за новиот член на кошаркарската елита, КК Штип. Клубот доби укажување дека во иднина ќе мора да ја подигне записничката маса согласно пропишаните стандарди за натпреварување.

Се вчитува...