Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, ја прифатил понудата на Федерацијата за продолжување на договорот.
Скалони кој ја презеде Аргентина по Светското првенство во Русија во 2018 година стана најуспешниот селектор во историјата. Тој го освои Светското првенство во Катар во 2022 година, како и две титули на јужноамериканското првенство, во 2021 и 2024 година.
Оваа година стигна до финалето на Светското првенство, каде што Аргентина беше поразена од Шпанија со 1-0 по продолженијата.
Понудата за продолжување на соработката ја доби веднаш по финалето, но свесно го „одложи“ одговорот, чекајќи Лионел Меси официјално да се прости од националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
