Руни жестоко против Бруно: Погледни се во огледало пред да зборуваш за тренерот

Изјавата со која Бруно Фернандеш директно го обвини Мајкл Карик како главен виновник за убедливиот пораз во Комо предизвика бурни реакции на „островот“, од кои големо мнозинство е токму против капитенот на Манчестер јунајтед.

Меѓу најгласните е поранешниот голгетер на Јунајтед, Вејн Руни, кој жестоко го критикуваше Фернандеш за покажаниот карактер, но и за играта на синќеѓниот натпревар.

„Слушнав што кажа Бруно и ако сум искрен – ми делува дека тој е целосно луд. Да се појавиш пред камерите и на таков начин да говориш против Карик и стручниот штаб, букално да ги „фрлиш под автобус“, тоа е неприфатливо за било кој, а најмногу од сите за капитенот на Манчестер јунајтед. Кога си капитен, треба да стоиш исправено, да преземеш одговорност и да го заштитиш тимот. Ниако не смееш да излегуваш јавно за да ја доведуваш во прашање тактиката и да покажуваш со прст кон организацијата, само за да го тргнеш товарот од сопствениот грб по поразот од Комо со 4-1. Тоа не е лидерство, туку однесување на играч кој се грижи единствено за себе. Бруно не смее да зборува за тренерот дури не се погледне самиот во огледало. Да не се лажеме, тој е бледа сенка во однос на играчот што пред неколку години пристигна од Португалија. Неговите настапи во последните месеци се далеку под секое ниво, така што нема право да говори за тактика кога тој не придонесува со она што се бара од него на теренот“, изјави Вејн Руни.

Се вчитува...