Кадетките напорно работат – следат контроли со Грција и со Турција

Женската кадетска репрезентација на Македонија продолжува со подготовките во рамки на ЕХФ неделата, во пресрет на натпреварите од Регионалната лига У16 во Верија, Грција.

Кадетките првиот собир го имаа на почетокот од оваа седмица, максимално користејќи ја оваа ЕХФ-недела во пресрет на новите предизвици.

За утре е закажано заминувањето за Грција, каде избраничките на селекторот Славиша Димитријески ги очекуваат дуели со селекциите на Турција и на Грција.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

Македонија – Турција 24.10.2026 | 14:00 часот

Македонија – Грција 25.10.2026 | 12:00 часот

Се вчитува...