Официјалното доделување на „Златната топка“ е закажано за в понеделник, а организаторите тврдат дека името на добитникот ќе остане тајна се до самата церемонија.
Во меѓувреме се шпекулира со неколку имиња, а во преден план се наоѓаат Ламин Јамал од Барселона, Килијан Мбапе од Реал Мадрид и Хари Кејн од Баерн Минхен.
За англискиот репрезентативец Деклан Рајс, нема дилема дека неговиот колега од националниот тим, Кејн, треба да се закити со наградата.
„Мислам дека е дојден тој момент, да му се даде Златната топка на Хари Кејн, искрено верувам дека го заслужува тоа. Низ целата кариера, константноста што ја имаше, фактот дека станува се подобар од година во година. Видовте и вечерва против нас, настапот му беше извонреден, бројките што ги има цела година говорат доволно сами за себе. Искрено навивам за Хари, не само поради фудбалската величина, туку уште повеќе поради тоа каков човек е тој, каков лидер е. Толку прекрасна личност, искрено се надевам дека во понеделник големата награда ќе заврши во неговите раце“, истакна Рајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
