Дембеле ќе ги пропушти овие четири средби на ПСЖ

ПСЖ вчера објави дека Усман Дембеле има повреда на мускулот што ќе бара повеќенеделно отсуство од терените, на наведувајќи дополнителни детали во соопштението во кое главен акцент беше ставен на тешката повреда на Кварацхелија.

Весникот „Л’Екип“ денеска објави нови детали, откривајќи дека Дембеле го очекува пауза од најмалку три седмици, што ќе значи дека тој ќе пропушти минимум четири натпревари на ПСЖ во наредниот период.

Францускиот голгетер нема да биде во тимот за големото дерби со Лион, ќе ги пропушти и средбит еод Лига 1 против Авр и Троа, како и претстојниот дуел од ЛШ против тимот на Виљареал.

Речиси сигурно е дека Дембеле нема да биде вклучен во списокот на Зинедин Зидан за ноемвриските натпревари со Италија и со Турција, што ќе му даде доволно време за целосна рехабилитација и камбек по репрезентативната пауза.

Се вчитува...