Бурно е во таборот на Олимпијакос откако управата на клубот конечно му изрече казна на Тајлер Дорси откако одличниот поентер јавно ги критикуваше тренерот и стручниот штаб за премалата минутажа што му ја даваа на последните натпревари.
Дорси беше повлечен од тимот и воопшто не беше во составот на последниот евролигашки дуел со Барселона, по враќањето во Атина јавно се извини, но „црвено-црните“ јасно ставија до знаење дека нема да толерираат таков однос и го суспендираа на еден месец.
Во ситуација кога е повреден и Фурние, Олимпијакос реши да се активира на пазарот и да доведе нов кошаркар на позициите „два“ и „три“. Станува збор за Џон Кончар, Американецот со српско потекло кој има 30 години и настапуваше во НБА-лигата во дресот на Јута и на Мемфис. Тој летово потпиша за Њујорк, но неодамна беше отпуштен од новиот првак на НБА, по што реши да дојде во Европа и ја прифати понудата на Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
