Ливерпул промаши низа скапи засилувања во последните години, но кога станува збор за Роналд Араухо, уругвајскиот ас дефинитивно е полн погодок на управата на англискиот гигант.
За потсетување, Араухо пристигна летово на позајмица од Барселона, со многу сомнежи околу неговата форма по слабата последна сезона што ја имаше во дресот на каталонскиот гигант. Сепак, дефанзивецот експресно ги замолкна злобниците покажувајќи низа одлични партии, како централен дефанзивец, но и како десен бек во тимот на „црвените“.
Ливерпул во договорот за позајмица има клаузула за целосен откуп во висина од 55 милиони евра, што англискиот гигант дефинитивно планира да ја активира.
За потсетување, „црвените“ следното лето ќе останат без капитенот Ван Дајк кој веќе најави дека нема да потпише нов договор и како слободен играч ќе си замине од „Енфилд“.
„Задоволни сме од Араухо, кој донесе и квалитет и искуство, згора на тоа може да покрие неколку позиции“, изјави неодамна тренерот Ираола.
Челниците веќе имаат донесено одлука, па на почетокот од 2027 година ќе следи и активирањето на клаузулата и нов договор за Араухо, со важност најмалку до 2031 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
