Партизан со нов топ-трансфер на денот на големото дерби

Партизан вечерва го игра големото српско дерби во Евролигата против Црвена Звезда, а управата на „црно-белите“ ги израдува навивачите со ново засилување.

Откако во текот на вчерашниот ден беше доведен бекот Антони Ривс, Партизан денеска успеа да ангажира уште еден американски кошаркар, крилниот центар Роберт Френкс.

Станува збор за позиција што беше најдефицитарна во таборот на „црно-белите“ од стартот на сезонава, особено откако тимот остана и без Вилис поради повреда. Од неколкуте опции кои беа разгледувани изборот падна врз Френкс, кој до крајот на оваа седмица ќе пристигне во Белград и ќе му се стави на располагање на тренерот Пењароја.

Овој 29-годишен Американец пристигнува во Партизан од кинескиот шампионат, претходно три сезони настапуваше во Јапонија, а има играно и во Австралија.

Тој кратко време беше дел и од Орландо меџик во НБА-лигата, а со развојниот тим на „магичните“ ја крена титулата во Џи-лигата во 2021 година.

Се вчитува...