Стеф Кари призна дека неизвесноста околу Кристапс Порзингис сериозно влијае на плановите на Голден Стејт, но нагласи дека здравјето на неговиот соиграч е на прво место.
По поразот од Лејкерси на отворањето на сезоната, плејмејкерот на Вориорс зборуваше за отсуството на летонскиот центар, за чие враќање на теренот се уште нема одреден датум.
„Тешко е од многу причини, особено за него лично“, изјави Кари.
Порзингис требаше да биде важен дел од внатрешната линија на Голден Стејт. Кари објасни дека неговата недостапност, покрај веќе постоечките отсуства, значително влијае врз замислениот изглед на тимот и неговите можности.
Посебно внимание привлече одговорот на прашањето дали неодамна разговарал со својот соиграч.
„Не сум разговарал со него уште од почетокот на тренинг-кампот“.
Од таборот на Вориорс соопштија дека Порзингис нема да биде со тимот во блиска иднина, при што одлучија разговорите со играчот и неговите претставници да ги задржат во доверба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
