Мареска потврди: Халанд ќе игра на „Вила парк“

Ерлинг Халанд ќе го предводи нападот на Манчестер сити викендов на тешкото гостување на „Вила парк“ против Астон Вила откако норвешкиот ас ги надмина проблемите поради кои го пропушти последниот дуел во ЛШ против грчки АЕК.

Фил Фоден се покажа како повеќе од добра замена за Халанд постигнувајќи хет-трик на овој натпревар, но на сите им е јасно дека  на жежок терен како оној на „Вила парк“, помошта на Халанд ќе биде и повеќе од добредојдена.

„Халанд ќе игра со Астон Вила, тоа можам да го потврдам со 100% сигурност. Тој се чувствува добро, тренираше и ќе биде со тимот во Бирмингем. Што се однесува до останатите, О’Рајли, Нуњеш и Ковачиќ утре ќе се обидат да тренираат, по што ќе стане јасно дали ќе можат да бидат во тимот викендов“, истакна Мареска.

Манчестер Сити е единствениот тим со перфектен скор од стартот на сезонава во Премиер-лигата.

Се вчитува...