ВАР му ја украде победата на Јувентус на „Алијанц“, Динамо во Загреб прими четири гола

Фудбалерите на Јувентус одиграа само 2:2 против Рен во второто коло во Лигата на Европа со што се зголемува притисикот врз тренерот Лучано Спалети.

Дуелот на „Алијанц арената“ во Торино започна одлично за домашните фанови бидејќи во петтата минута Челик го отвори резултатот.

Но, до крајот на првото полувреме, Рен направи пресврт. Тамари во 15-та минута погоди за 1:1, додека Диа во 43-та минута беше прецизен од белата точка за 1:2.

Во второто полувреме, беше досуден уште еден пенал, овој пат за Јувентус, а сигурен реализатор беше Волтермаде во 67-та минута за 2:2, резултат кој на крајот се покажа како конечен.  Јувентус во финишот постигна уште гол за победа во 88-та минута преку Лукуми, но по реакција на ВАР-собата, голот беше поништен поради офсајд.

И вториот холандски тим како гостин даде четири гола и дојде до триумф. АЗ Алкмар со 4:0 славеше на гостувањето во Ерменија кај Арарат.

Динамо Загреб по победата во претходното коло над Андерлехт, вечерва пред своите гледачи загуби со 2:4 од НЕК Нијмеген.

По израмнетото прво полувреме (2:2), победникот беше решен во вториот дел во кој холандскиот тим постигна два гола. Прво Линсен во 54-та минута погоди за 2:3, а победата ја завери Чери во 80-та минута.

Баер Леверкузен ја оправда фаворитската улога и со 2:0 го победи ОФИ како гостин.

резултати: Арарат – АЗ 0:4, Динамо Загреб – НЕК Нијмеген 2:4, Ференцварош – Торенсе 4:1, Јувентус – Рен 2:2, Лех – Сандерленд 1:1, ОФИ – Баер Л. 0:2, Унион Сен Жил – Хапоел Бер Шива 4:0, Штурм – Олимпик Марсеј 1:0.

Се вчитува...