Актуелниот европски шампион, ПСЖ, планира во зимскиот преоден рок експресно да ангажира замена за Хвича Кварацхелија, за кого заврши сезоната по повредата на лигаментите на коленото.
Кварацхелија се повреди во вторникот на дуелот со Барселона и деновите ќе мора да му биде извршен оперативен зафат и по што ќе следува деветмесечна пауза.
Управата на ПСЖ веќе ја одреди замената и во јануари ќе тргне по потписот со играчот на Баер Леверкузен, Ибрахим Маза.
Според француските медиуми, ПСЖ подготви 50 милиони евра за 20-годишниот алжирски репрезентативец кој има договор со германскиот тим до 2030 година.
Но, работата нема да биде лесна за ПСЖ, бидејќи за Маза сериозен интерес пројавуваат и Челси, Арсенал и Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
