Германскиот шампион Баерн Минхен, наскоро ќе добие финансиска инјекција од 250 милиони евра со која ќе ја засили финансиската позиција помеѓу европските гиганти.
Според германските медиуми, компанијата „Веисман џенерејшн груп“ влегува со сопственичката структура на Баерн Минхен за околу 250 милиони евра.
„Веисман џенерејшн груп“ ќе го преземе последниот расположлив пакет на малцински акции во компанијата ФК Баерн Минхен АГ, со што ќе им се приклучи на гиганти како Адидас, Алијанц и Ауди кои веќе имаат акции во германскиот фудбалски гигант.
На новиот малцински сопственик ќе му припаднат 6.7 отсто од акциите на Баерн, а договорот ќе биде реализиран преку зголемување на капиталот, што значи дека парите ќе бидат насочени кон ФК Баерн Минхен АГ со што клубот ќе добие дополнителна финансиска моќ за иднина.
Со влезот на новиот партнер, нема да има промени во сопственичката структура, ФК Баерн ќе задржи 70 отсто од акциите и ќе го има главниот збор кога станува збор за функционирање на клубот.
Извршниот директор на „Веисман џенерејшн груп“, Макс Фисман ќе стане член на надзорниот одбор на ФК Баерн Минхен АГ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
