Екипата на Борнмут го направи најпријатното изненадување во натпреварите од третот коло во Лигата на Европа, победувајќи го седумкратниот европски шампион, Милан.
Борнмут на „Виталити“ со 3:0 ги совлада „росонерите“ и ја забележа третата победа во третиот меч во Лигата на Европа. Англискиот тим заедно со Баер Леверкузен, Ференцварош и Бенфика се единствени кои имаат максимален учинок по три кола, додека Милан остана на една победа.
Победата ја најави Џастин Клајверт кој во седмата минута го реализира ударот од белата точка кој му беше доделен на Борнмут по играњето со рака на Де Винтер во сопствениот шеснаесетник.
Дилемите околу победникот беа решени во 27-та минута кога голманот на Милан, Мајк Мањан, поради неспортски потег заработи директен црвен картон, а Борнмут беше награден со нов пенал.
Mike Maignan red card against Bournemouth 27′
by
u/xggq in
soccer
Овој пат одговорноста ја презеде Таверние и не погреши за 2:0. Конечниот резултат го постави Адил во 84-та минута.
Бенфика третата победа во третиот натпревар ја оствари на гостувањето кај Омонија каде славеше со 3:1.
Македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов од клупата ја проследи победата на неговиот Левски од 2:1 на гостувањето кај Плзењ.
Хофенхајм со 2:0 беше подобар од Лион, додека најубедлив беше Реал Сосиедад кој славеше со 6:0 како гостин над Лилестром.
Резултати: Бешикташ – Кристал Палакс 2:2, Борнмут – Милан 3:0, Селтик – Селта 1:2, Целје – Салзбург 2:2, Хофенхајм – Олимпик Лион 3:0, Јагиелонија – Андерлехт 0:3, Лилестром – Реал Сосиедад 0:6, Олимпијакос – Спарта Прага 1:0, Омонија – Бенфика 1:4, Плзењ – Левски 1:2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
