Барселона и Магдебург остануваат перфектни по пет кола во ЛШ

Ракометарите на Барселона ја остварија и петтата победа во петтиот натпревар во групната фаза во Лигата на Европа. Европскиот шампион пред своите гледачи со 40:34 беше подобар од Монпелје кој пак е последен во групата Е со само една победа.

Максимален ефект по пет кола има и Магдебург кој со 35:32 го победи Колштад во натпревар на кој Филип Вебер даде 11 голови.

Најефикасниот натпревар во петтото коло го одиграа Спортинг и Кристианстад кои дадоа дури 82 голови. Португалскиот тим победи со 42:40.

Се вчитува...