Неверојатно бизарна сцена во УФЦ: Македонецот Волкановски го спаси Дана Вајт од „бламажа“ (ВИДЕО)

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, се најде во центарот на вниманието по необична ситуација во која, очигледно, не го препозна еден од најдобрите тешкаши во својата организација, Александар Волков.

Рускиот борец, кој е четврти на ранг-листата во тешка категорија на УФЦ, реши да се пошегува со Вајт претставувајќи се како новинар пред настанот на УФЦ во Абу Даби.

Волков играше улога на медиумски претставник, а реакцијата на Вајт привлече посебно внимание. Се чинеше дека шефот на УФЦ воопшто не сфатил дека пред него е борец кој со години настапува во неговата организација.

Но, Македонецот со австралиски пасош, Александар Волкановски, поранешниот шампион во пердув категорија, се вмеша во целата ситуација, и му откри на Вајт дека наводниот новинар всушност е Александар Волков.

Дури тогаш претседателот на УФЦ почна да се  шегува. Вајт се обиде да објасни дека знае за кого станува збор од самиот почеток и само се преправа дека не го препознава рускиот тешкаш.

Сепак, неговата првична реакција остави поинаков впечаток. Целата ситуација изгледаше како Вајт навистина да не го препознал еден од најпознатите борци во тешка категорија, па неговото објаснување изгледаше како обид да се извлече од непријатна ситуација.

Се вчитува...