Растодер стрелаше за Панатинаикос, па порача: „Најважни се победите“ (ВИДЕО)

Грчки Панатинаикос славеше убедливо со 1-5 на гости против Каират во Конференциската лига, во меч во кој стрелаше и македонскиот репрезентативец Елмин Растодер.

Растодер во игра влезе од клупата, па погоди во 75.минута за 0-5 во тие моменти.

По мечот, истакна дека е среќен за новиот триумф на тимот во Европа…

„Се надевам дека ќе продолжиме и понатаму со победите во Европа во желбата за доаѓање и до самата завршница на ова натпреварување. Головите секако се моја желба, но најважни се победите на тимот“ – порача Растодер.

Ова беше втора едноподруго победа за ПАО по оние 2-1 против Борац Бања Лука.

Се вчитува...