Ламине Јамал јасно верува дека е дојдено време да се искачи на врвот на светскиот фудбал. Младиот ас на Барселона, според информациите кои доаѓаат од Шпанија, веќе организирал огромна забава во очекување д ја добие Златната топка оваа година. Иако, се чини, има еден проблем – Хари Кејн сериозно му се заканува.
Како што објави шпанското радио COPE, повикувајќи се на новинарот Виктор Наваро, Јамал изнајмил приватен авион со кој неговото семејство, пријателите и најблиските соработници ќе патуваат во Лондон за престижната церемонија на доделување на наградите.
Сепак, плановите на младиот Шпанец не завршуваат тука. Наводно, тој подготвил и голема забава во Париз, каде што би го прославил освојувањето на Златната топка доколку наградата што ја доделува Франс Фудбал му припадне нему.
Таквиот потег може да се протолкува како голема самодоверба, некои ќе речат дека е ароганција, но очигледно младиот ас сака да има сè подготвено во случај да биде добитник на престижната награда.
А Јамал знае како е кога работите не одат според планот. Имено, минатата година тој исто така подготви прослава во случај да ја освои Златната топка, но на крајот остана со празни раце. Наградата му припадна на Усман Дембеле, а играчот на Барселона заврши на второто место.
Оваа година, тој сака да направи чекор понатаму, но конкуренцијата е исклучително сериозна.
Иако Јамал е една од најголемите ѕвезди на новата генерација, според информациите што доаѓаат од медиумите и проценките за обложување, Хари Кејн моментално има предност во трката за Златната топка.
Напаѓачот на Баерн имаше исклучителна сезона зад себе, а неговиот голгетерски настап е еден од главните адути во борбата за највисоката индивидуална награда. Кејн постигна 73 гола, вклучувајќи ги и настапите за клубот и репрезентацијата на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
