Тренерот на Црвена Звезда, Алберт Риера, се пошегува со македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров по неговиот несреќен автогол во вчерашното реми (2-2) со Копенхаген во второто коло од Конференциската лига на УЕФА.
Риера посочи дека секако не му замерува на Гаштаров, откривајќи што му кажал по мечот.
„Јасно е дека беше случајност. Му реков на Гаштаров дека колку и да се обидува тоа да го направи и на тренинг, нема да успее да постигне таков гол“– рече Риера и дополни:
„Во фудбалот грешките се случуваат. Ја прифаќам таа грешка затоа што секако нема да се случува секогаш. Поради тие грешки, и не само таа, останавме без победа, токму затоа гледам простор за голем напредок во мојот тим“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
