Мајкл Карик ќе го предводи Манчестер јунајтед викендов против Борнмут, но овој дуел речиси сигурно ќе биде и последен за поранешниот англиски репрезентативец како кормилар на „црвените ѓаволи“. Без оглед на резултатот на овој дуел, довербата во тренерот е целосно загубена, а се почестите конфликти на Карик со фудбалерите се причина плус процесот на тренерска смена на „Олд Трафорд“ да се забрза.
Унаи Емери е последното име што се поврзува со клупата на Јунајтед, управата на клубот сака да доведе врвен стратег со премиерлигашко искуство, а веќе е воспоставен и првиот контакт.
Шпанецот моментно се наоѓа на чело на Астон Вила, но неофицијалните информации говорат дека тој веќе имал првични разговори со највисокото раководство на Манчестер јунајтед. Двете страни се далеку од конечен договор, особено што Емери од почит кон Астон Вила го насочил јунајтед најпрвин да преговара со неговиот сегашен клуб.
Англиските медиуми објавија дека Јунајтед ја одредил и цената – 24 милиони евра на која би инсистирал за да даде зелено светло за преселба на својот тренер на „Олд Трафорд“. Се очекува разговорите да се интензивираат во текот на викендот, се со цел „црвените ѓаволи“ во текот на следната седмица да го промовираат новиот тренер.
Доколку не биде најден заеднички јазик со Емери, останати кандидати на управата на Јунајтед се Нагелсман, Конте и Фабијан Хурцелер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
