Американскиот крилен центар Роберт Франкс е новиот кошаркар на Партизан, објави белградскиот клуб еден ден по победата во „вечното“ дерби против Црвена Звезда во Евролигата.
Американецот ќе ја засили конкуренцијата на позицијата крилен центар во црно-белиот тим.
Франкс е висок 201 сантиметар, роден е во 1996 година во Сиетл, а својата професионална кариера ја започна во 2019 година, откако студираше на Државниот универзитет во Вашингтон.
Во текот на својата кариера, тој играше за развојните тимови на Шарлот, Сакраменто и Орландо, а во 2021 година, доби можност да игра во НБА лигата, во дресот на Орландо Меџик.
Во истата година, тој ја освои шампионската титула во развојната Г лига со тимот од Орландо.
По американската фаза од својата кариера, Франкс играше во Австралија за Бризбејн и Аделаида, потоа за израелскиот Хапоел Гилат, како и за јапонските клубови Нагоја и Ибараки. Пред да дојде во Партизан, тој играше за кинескиот Нанџинг.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
