Нов проблем за Барса – и Кунде отпадна за „Ел Класико“

Ханси Флик се соочува со нови сериозни проблеми околу составот на Барселона за неделното „Ел Класико“ откако Жил Кунде отпадна од комбинација за настап против Реал Мадрид.

Тренерот на Барса има проблеми на бековските позиции откако повреда заработи и Ерик Гарсија, се надеваше дека Кунде ќе може да се опорави навреме за да настапи против Реал, но францускиот дефанзивец ја загуби трката со времето.

Тој ниту денеска не тренираше со тимот, лекарскиот тим одбива да ризикува сметајќи дека шансите за нова повреда се огромни, па Флик ќе мора да наоѓа други опции.

Чави Еспар, кој одигра одлично против ПСЖ, и самиот се пожали на повреда, но каталонците се оптимисти дека овој млад бек ќе се рехабилитира навреме и заедно со Кансело ќе ги покрие бековските позиции на најголемото дерби во европскиот фудбал.

Се вчитува...