Томовски „нокаутиран“, но фризурата остана „топ“ (видео)

Мартин Томовски се најде во центарот на вниманието на германската ракометна јавност, и тоа поради беспрекорната фризура на нашиот голман.

Се почна од извонредната одбрана на Томовски на дуелот со Штутгарт, кога со глава го запре ударот на противничкиот ракометар.

Тој падна на земја, за среќа брзо стана, а главен приоритет веднаш му беше – фризурата…

„Фризурата е толку цврста, што дури ни удар во главата не може да ја мрдне“, се шегуваат Германците со нашиот чувар на мрежата по неговата реакција.

Битигхајм е на дното на бундеслигашката табела, но Мартин Томовски брани во фантастична форма и моментно важи за еден од најдобрите голмани во најсилната ракометна лига во светот.

Се вчитува...