Огромно е разочарувањето кај Квича Кварацхелија откако грузискиот фудбалер заработи тешка повреда на коленото на мега-пресметката со Барселона, па сега го очекува пауза од најмалку половина година од фудбалските терени.
ПСЖ ја покажа својата големина како клуб, не само што му изрази поддршка на својот клучен првотимеци, туку и со конкретен гест покажувајќи му колку смета на него во иднина.
Имено, веднаш по тешката повреда се стартувани преговорите за нов договор, и тоа на инсистирање на Насер ал-Келаифи, кој настојува на ваков начин да го охрабри Квича во најтешките моменти на неговата кариера.
На Грузиецот му се нуди продолжување на соработката за уште три сезони, со што тој би останал на „Паркот на принцовите“ најмалку до 2031 година. Со потписот на новиот договор тој би добил значително зголемување на примањата и би влегол во Топ 4 најплатените фудбалери на актуелниот европски првак.
„Тоа дефинитивно е гест за почит. Кварацхелија сигурно е во сериозни проблеми, но кога ќе знае дека клубот е целосно зад него и му нуди и значително поголема плата додека е повреден, тоа дефинитивно е знак на долгорочна доверба што мора да се цени“, пишуваат француските медиуми на оваа тема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
