Конечно, Аморим и Милан добија и една добра вест

Секој нов натпревар на Милан носеше и нов проблем со повреди на стандардни првотимци. По враќањето назад од Англија и поразот од Борнмут, „росонерите“ конечно добија и една добра вест, поврзана со здравствената состојба на најдобриот напаѓач на тимот, Гонсало Рамос.

Португалскиот ас поради ситна повреда воопшто не патуваше за натпреварот со Борнмут, но неговата состојба во меѓувреме се подобри. Се очекува тој утре да тренира со полна пареа со остатокот од тимот, по што Рамос дефинитивно ќе му биде на располагање на Аморим за неделното гостување против екипата на Удинезе.

„Росонерите“ заостануваат четири бода зад водечките Интер и Лацио, па нема сомнеж дека помошта на одличниот Португалец ќе биде добредојдена во обид да се стигне до цел плен на „Фриули“.

Аморим за овој натпревар дефинитивно нема да може да смета на Салемакерс, Чуквуезе, Габија и на Терачано, а неизвесен е настапот на уште неколку фудбалери на Милан кои се пожалија на полесни повреди по дуелот со Борнмут.

Се вчитува...